Mission

Училиштето е јавна воспитно образовна установа во која учениците се стекнуваат со квалитетни знаења. Нуди просторни услови и опремненост, кои постојано се подобруваат. Промените ги прифаќа како патување на кое перманентно се соработува со родителите, институциите и локалната средина. Училиште со современ образовен процес кое нуди поддршка на детските права и мултикултурализмот, инклузивноста, ефективноста, здравјето, сигурноста и безбедноста и услови за квалитетна, ефикасна и ефективна настава преку која се изградуваат личности со развиена свест и способности за колективен и индивидуален развој и оспособени за живеење во мултиетничко општество. Училиште кое перманентно вложува во професионалниот развој и меѓусебната соработка на воспитно-образовниот кадар, работиме по високи етички стандарди.