Средба со градоначалникот на општина Гази Баба

Средба со градоначалникот на општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски. Учениците ги кажаа резултатите од проектот „Водата е извор на животот“. Се разговараше за прашањето и актуелната состојба на каналската вода, чиј проблем мора итно да се реши. Градоначалникот го откри својот план во врска со ова прашање. Тој исто така им честиташе на учениците за оваа активност која има главна цел да ја подигне свеста кај населението за заштита на животната средина. Благодарам за гостопримството од градоначалникот.