ЕРАСМУС ПРОЕКТ „GREEN ACT, GREEN ENTERPRENEURS IN ACTION AGAINST CLIMATE CHANGE!“
МОБИЛНОСТ ВО ПОРТУГАЛИЈА - 29.05.2022-04.06.2022
Оваа мобилност во ПОРТУГАЛИЈА се одржа од 29.05.2022-04.06.2022 заедно со партнерските училишта во проектот од Португалија, Норвешка, Полска и Турција нека служи за модел за учениците од нашето училиште "25 мај", Скопје, да анализираат различни природни и општествени феномени и да послужат за модел за нивните врсници во нашето училиште и пошироко. Целта на оваа мобилност е да се постигнат следниве цели:
- Препознавање на климатските промени преку дискусија, експериментирање и набљудување
- Да ги направат студентите посвесни и поактивни за големо прашање како што се климатските промени.
- Фокусирање на целите за животната средина и климата, да ја поддржиме зголемената свест за предизвиците на еколошките и климатските промени, развојот на зелените секторски стратегии и методологии.
Воедно треба да се спомене дека нашиот ученик Арианит Асани е избран за еден од најактивните и воедно и најуспешен ученик во рамките на овој проект.