ЕРАСМУС ПРОЕКТ GREEN ENTERPRENEURS IN ACTION AGAINST CLIMATE CHANGE!
МОБИЛНОСТ ВО СКОПЈЕ
Оваа мобилност во Скопје се одржа од 27.03.2023 до 03.03.2023 заедно со партнерските училишта во проектот од Норвешка, Португалија, Турција и Полска. Овие активности нека служат за модел за учениците од нашето училиште "25 Мај", Скопје, да анализират различни природни и општествени феномени и да послужат за модел за нивните врсници во нашето училиште и пошироко. Целта на оваа овој проект е мотивација на учениците да најдат различни пристапи за намалување на климатските промени и алтернативни начини за борба против загадувањето.
Благодарност до директорот на ООУ „25 Мај“ г-дин Фадил Муртезани за поддршката, до градоначалникот на Гази Баба, почитуваниот г-дин Бобан Стефковски за достоинствениот пречек на гостите, на нашите родители како и до нашите ученици. Нека им е успешна иднината.