Посета на Тумба Маџари

Во рамките на предметот Историја и општество, тема „Општина каде што живееш“, учениците од одделенијата: 4¹, 4/4, 4/5, 4/6 и 4/7, го посетија археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ лоциран во општината каде што живееме, Гази Баба. Учениците се стекнаа со нови сознанија за каменото доба и пронајдените докази како што се: камени садови и алатки кои според археолошките податоци датираат од осум илјади години п.н.е.