Пред камерата на ТВМ2 и ТВМ САТ

Учениците од 4¹ денеска пред камерата на ТВМ2 и ТВМ САТ со посветеност, ентузијазам, желба, капацитет, среќа, емоции и гордост ја покажаа својата најдобра верзија на знаењето што го добија овој семестар. Тие ги презентираа своите поенти правејќи богато сценарио со различни теми како што се: рецитал, математичка драматизација, екологија, куриозитети, пеење, балет, спорт/акробација.

За реализација на програмата со својата работа придонесоа: Флорим Муртезани, наставник по предметот физичко и здравствено образование и професор по англиски јазик Севим Џелили!

Се надевам дека Ви се допаѓа!

Координатор: Сузана Курбардовиќ