Проект Erasmus ''FULLY AVOID BULLY''IT02-KA229-079166
Избрано логото за Ерасмус+ 229 проектот ''Fully Avoid Bully''
Во периодот од 10.11.2020 беше распишан училишен конкурс за избор на лого за Erasmus+ 229 проектот ''Fully Avoid Bully''. Конкурсот може да го погледнете на следниот линк. . На училишниот конкурс беа поднесени 16 кои беа шифрирани, а потоа со гласање на ученици и на наставници од ООУ „25 Мај'', Гази Баба, се одбраа три логоа што ја преставуваат Република Северна Македонија и нашето училиште ООУ „25 Мај''. Автори на одбраните логоа на училишниот конкурс беа:
1. Лого изработено од Ерина Алија VI-2 одд.
2. Лого изработено од Фисник Алију VI-1 одд.
3. Лого изработено од Анди Кастрати IV-5 одд.
Во периодот од 06.11.2020-13.11.2020 следеше интернационалното гласање и избор на логото на проектот. Интернационалното гласање се состоеше од избор на 15 логоа (по 3 логоа на секое училиште партнер на проектот). Интернационалното жири се состоеше од претставници од секое училиште партнер во проектот. Интернационалниот конкурс можете да го погледнете на следниот линк . По завршувањето на интернационалното гласање, со најголем број гласови односно со 1981 гласови беше избрано логото број 3, односно логото изработено од Анди Кастрати IV-5 одд. од нашето училиште. Избраното лого освен тоа што ќе биде објавено на веб страната на проектот, ќе биде испечатено на маички кои ќе бидат доставени за време на првата мобилност, а авторот на победничкото лого ќе биде награден.
Конкурсот може да го погледнете на следниот линк .