Old crafts in Skopje

Активност 3, Проект „Мултикултурализмот во образованието“
Малку прошетка, разгледување на убавините и занаетите во нашиот град, работна атмосфера, соработка со позитивна енергија, на тема: „Стари занаети во Скопје“, Проектна работа 06 и 07 Јуни 2024 година.
* На работилницата учениците имаа за задача да истражуваат на интернет за: „Занаетчиството во Старата Скопска чаршија” за различни занаети кои биле застапени на подрачјето на Старата Скопска чаршија низ историјата. Потоа своите презентации ги презентираа пред своите другарчиња, наставници, родители.
* Посета на Стара чаршија, разгледување на занаетчиските работилници, појаснување за тоа што е ЕСНАФ. Учениците посетија повеќе занаетчиски дуќани и се запозна со занаетите: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, казанџија, копчар, саатчија, ракотворби - изработка на сувенири, домашна ракотворба, филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и изработка на македонски рубин (научија дека кај нас во Македонија, во Прилеп се ископува каменот рубин кој го има само на нашето поднебје и во Шри Ланка и е од исклучителна важност бидејќи е драг камен). По посетата од сите занаетчиски дуќани учениците споделија мислења за профитабилноста и дали старите занаети имат средства за одржување на едно семејство или со текот на времето и овие занаетчии што опстојуват еден ден ако немаат поддршка од државата ќе изумрат. И на крај РАБОТИЛНИЦА - ученици мајстори и презентирање на сработеното. Беа вклученици 30 ученици од 7, 8 и 9-то одделение, 1 родител - Теута Хаскај и координаторите на Тимовите на МИО, Саљате Бектеши и Роза Јаневска. Одлично искуство, стекнување нови другарства, почит кон старите занаети и еснафи, поттикнување на креативноста, негување на културното наследство, квалитетно поминато време. Заклучок - Старите занаетчиски дуќани се обележјето на Чаршијата, кое треба да се зачува. Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје и старите занаетчиски дуќани се обележјето на Чаршијата.